Thursday, October 3, 2013

WI-FI

БЕЖИЧНА КОМУНИКАЦИЈА
Во телекомуникациите, безжичната комуникација може да биде искористена за трансфер на информации на кратки далечини (неколку метри, како кај далечинско за телевизор) или на долги далечини (илјадници или милиони километри за радио комуникација). Терминот најчесто се скратува само на "безжична (wireless)". Опфаќа повеќе типови на фиксни, мобилни и преносливи уреди, мобилни телефони, персонални планери (PDAs) и безжично поврзување. Како други примери безжичната технологија ги вклучува GPS, далечински управувачи за гаражи и врати, компјутерски глувчиња, тастатури и слушалки, сателитска телевизија и телефони.

Вовед

Безжичните операции дозволуваат услуги, како што е комуникацијата на големи далечини, која е невозможно или е непрактично да се имплементира кога се користи кабел. Терминот вообичаено се користи во телекомуникациската индустрија и се однесува на телекомуникациските системи(на пр. радио трансмитерите и примачите, далечинските управувачи, компјутерските мрежи, мрежните терминали и сл.) кои користат некаква форма на енергија (на пр. радио фреквенција, инфрацрвени зраци, видлива светлина, ласерски зраци, акустична енергија и сл.) кои пренесуваат информации без да се користи кабел. Информациите на овој начин се транспортираат како на мали, така и на големи далечини

Безжични сервиси

Терминот “безжична” е веќе генерички поим и се користи за да се објаснат комуникациите во кои електромагнетните бранови или радио брановите (RF) (наспроти употребата на кабли) пренесуваат сигнал преку дел или преку цела комуникациска мрежа. Најчести примери за безжична опрема која се користи денес се:
  • Професионални LMR (Land Mobile Radio) и специјализирани SMR (Specialized Mobile Radio) најчесто користени во бизнис, индустриските и областите за јавна заштита.
  • Воки-Токи радијата (Two way radio) вклучуваат FRS Family Radio Service, GMRS (General Mobile Radio Service) и Citizens band ("CB") радија.
  • Аматерски радио сервис (Amateur Radio).
  • Професионални радија (Marine VHF radio).
  • Мобилните телефони и пејџери: овозможуваат поврзаност за преносливи и мобилни апликации, како за лична така и за бизнис употреба.
  • Систем за глобална навигација (GPS): дава можност возачите на автомобили и камиони, капетаните на бродовите, и пилотите на авионите да ја одредат нивната локација било каде на Земјата.
  • Надворешни компјутерски уреди: безжичното глувче како најчест пример; но и тастатурите и принтерите кои можат да бидат исто така безжично поврзани со компјутер.
  • Фиксни телефони: уреди со ограничен домет, кои не треба да се поистоветуваат со мобилните телефони.
  • Сателитска телевизија: користи сателити кои се во орбитата на Земјата за дистрибуирање на сигналот, а исто така и дигитален сигнал за да се обезбедат многубројни телевизиски канали.
  • Wireless gaming: нови конзоли за играње кои му овозможуваат на корисникот интерактивно да ги игра игрите, заедно со други корисници без разлика дали играат во иста конзола или не. Играчите можат да разговараат, испраќаат текстуални пораки, како и да снимаат и испраќаат звук до нивните пријатели. Алатките за играње се исто така безжични. Тие не се поврзани со кабел, но можат ја испраќаат информацијата што било притиснато на контролерот во главната конзола, за потоа да се процесира и да се изврши во играта. Сите овие чекори се завршуваат во милисекунди.
  • Безжични мрежи

    Безжичните мрежи (различни типови на 2.4GHz WiFi уреди) се користат за да задоволат најразлични потреби. Можеби најчестата и најприфатената употреба е корисниците на преносливи лаптоп компјутери кои патуваат да можат да се поврзат од различни локации. Друга општоприфатена употреба е за мобилните мрежи кои се поврзуваат преку сателит. Методот на безжична трансмисија е логичен избор за сегменти кои мораат многу често да ја менуваат својата локација. Следниве ситуации најдобро ја оправдуваат употребата на безжичната технологија:
  • Да се поврзе на далечина кај која не е можно класичното поврзување со кабел,
  • Да се овозможи алтернатива кога ќе настане прекин кај класичната мрежна поврзаност,
  • Да поврзат преносливи или привремени места на изведба на некоја работа ,
  • Да се постави безжично поврзување на места каде стандардното поврзување преку кабли е невозможно или финансиски непрактично, или
  • Да ги поврзе корисниците или мрежите на далечина.
  • Начини на поврзување

    Безжичната комуникација може да се пренесува преку:
  • комуникација преку радио врска ,
  • микробранова комуникација, на пример поврзување на насочени оддалечени антени, или на пократки дистанци, или
  • комуникација преку инфрацрвени (IR) зраци со краток домет , како на пример далечинскиот управувач, или преку Infrared Data Association (IrDA).
Апликациите може да вклучуваат една кон една (point-to-point) комуникација, една кон многу (point-to-multipoint) комуникација, broadcasting, мобилни мрежи и други безжични мрежи.
  • Раните почетоци на безжичната комуникација

    Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Wireless telegraphy.
    David E. Hughes, осум години пред експериментите на Hertz, со помош на трансмитер, кој бил сличен на часовник, успеал да пренесе радио сигнали преку неколку стотици јарди. Hughes не бил сфатен сериозно и се сметал само како претходник на Maxwell, а неговата работа како придонес за литературата за индукција ("Induction"). Во 1885, T. A. Edison искоритил вибрирачки магнет за индукциска трансмисија. Во 1888, Edison го прикажал својот систем на сигнали и во 1891 година го патентирал овој метод кој користи индукција.
    Кога се зборува за историјата на безжичната технологија важно е да се спомне Теоријата за електромагнетни бранови на Heinrich Hertz од 1888 година. Оваа теорија била предвидена во истражувањата од James Clerk Maxwell и Michael Faraday. Hertz покажал дека електромагнетните бранови можат да се пренесуваат низ просторот во облик на прави линии и дека тие можат да бидат примени од експериментални уреди. Тие експерименти не биле изведувани од страна на Hertz. Jagadish Chandra Bose развил уред кој може да детектира безжични сигнали и помогнал да се надгради знаењето за милиметарски долгите електромагнетни бранови. Практичната примена на безжичните радио врски и технологијата од далечински управувачи е имплементирана од подоцнежни пронаоѓачи, како што е Nikola Tesla.
     

No comments:

Post a Comment