Thursday, October 3, 2013

ЛАПТОП


Преносен сметач (преносен компјутер, руски: переносник или лаптоп, англ. laptop computer, notebook computer, notebook) е мал преносен сметач кој вообичаено тежи 1-8кг. Преносните сметачи содржат компоненти кои се идентични со статичните сметачи, но се минијатуризирани (смалени) за да бидат полесни, да трошат помалку струја и да зафаќаат помалку простор. Преносниот сметач вообичаено работи на батерии и на надворешно напојување.
Преносниот сметач еволуирал со развојот на технологијата. Првите преносни сметачи се појавиле во 1982-1983. и како што се развивала технологијата така и нивната тежина опаѓала, а времето на автономна работа без надворешен извор на енергија растело. И другите перформанси го следеле општиот развој на сметачите.
Поради преносливоста и високата интеграција на компонентите, преносните сметачи се поподложни на стареење и физички оштетувања од стационарните сметачи. Компонентите како што се батериите, шарките од екранот, конекторите и напојувањето се најчести жртви на секојдневната употреба.
Од друга страна, самиот концепт на преносливост на податоците и работите заедно со нивниот сопственик неизбежно ги прави преносните смет
ачи неопходност.

No comments:

Post a Comment