Тврд диск или (англ. hard disk) е секундарен медиум за трајно меморирање и понатамошно користење на податоци. Се состои од алуминиумски плочи (од З до 5) обложени со магнетно чувствителен материјал, глава за читање/запишување (сместени во херметички затворена кутија) и интерфејс (што се вика и контролор) за врска со централниот систем.
Тврд диск овозможува запишување и читање на податоци со произволен пристап. Капацитетот на складираните податоци се мери со мегабајти и гигабајти.
Изглед[уреди]
Тврдиот диск е поставен во метално куќиште (херметички затворено), во чија внатрешност се наредени повеќе плочи, една над друга, на оска која ротира. Така поставени формираат цилиндар. Од страната се поставени глави за читање и запис кои се фиксни, неподвижни. Секоја плоча е премачкана со магнетен материјал дебел само неколку микрони, а над него се нанесува заштитен слој.
Како работи[уреди]
Работи на принцип на магнетен запис на податоци по патеки и сектори, на секоја од плочите. Има по една глава за читање и една за запишување за секоја плоча посебно. За да може да се запишуваат податоците, плочите се логички поделени во патеки и сектори. Просторот меѓу две патеки и два сектори е наречен блок и содржи 512B (бајти). Процесот на поставување патеки и сектори е познат како форматирање
ДРУГУ ВРСТИ НА ТВРДИ ДИСКОВИ
ПОСТОЈАТ И ДРУГИ ВРСКИ НА ТВРД ДИСК:
ТИЕ СЕ НАРЕКУВААТ ПРЕНОСНИ ХАРД ДИСКОВИ
.jpg)


